МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ ЗАГУБИ ОД ВАРДАР СЦБТ

27.09.2012 15:15

Во третото коло на женската Суперлига се сретнаа вторите екипи на Вардар и Металург, Вардар СЦБТ и Металург Скопје. Победата им припадна на девојките од Вардар, а резултатот од средбата е 24:19 (13:10).

Типичен првенствен натпревар во кој подобар беше домашниот состав. Ракометарките на Металург Скопје, за разлика од пријателската средба помеѓу истите противници и која ни припадна нам, овој пат не беа на висината на поставената задача. Ако во одбраната и бевме добри, што се гледа од малиот број примени голови, вчера потфрливме во нападот. Особено недостигаше поврзаноста меѓу централните и крилните позиции. Раководството на екипата во наредниот период ќе се обиде да ги отстрани уочените грешки.

ЖРК Вардар СЦБТ – РК Металург Скопје 24:19 (13:10)

РК Металург Скопје: Јаневска, С.Петковска, Дабевска, Каранфиловска, Е.Петковска, Гакидова, Георгиевска, Тодоровска 3, Талевска 1, Ливриниќ 2, Неделковска 1, Ципушева, Стојковска 4, Димовска, Бебиќ и Величковска 8. Седмерци: 4/4. Исклучувања: 6 минути.

Прочитано 10 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 3 = 11