- МНОГУ ПОТ СЕ ЛЕЕ НА ТРЕНИНЗИТЕ НА ЖРК МЕТАЛУРГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 8 years
- ДЕВОЈКИТЕ ОД МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ ДЕНЕСКА ГО ОДРЖАА ПРВИОТ ТРЕНИНГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 8 years
Младинките на ЖРК Металург го надиграа тимот на Кузман Вардар Илинден

Во продолжението од сезоната во Автокоманда се одигра натпревар од шестото коло на единствената женска младинска лига, во која младинките на ЖРК Металург целосно го надиграа тимот на Кузман Вардар Илинден, кого го совладаа со 18 голови разлика.
Средбата само во првите неколку минути, се до 5:5, имаше рамноправен карактер, за после тоа се биде во знакот на нашите младинки.
Сета работа нашите девојки ја завршија уште во првото полувреме, кое го добивме со недостижни 20:12. Вториот дел во целост наликуваше на првиот, па разликата се зголеми за дополнителни десет голови.
Ова е трета првенствена победа на нашиот тим, кој има забележано и два порази.
.
ЖРК Металург – РК Кузман Вардар Илинден 39:21 (20:12)
ЖРК Металург: Михајловска, Ѓошевска 6, Чоловска 4, Цветковска 2, Арсениевска 1, Т.Темелковска 6, Драговиќ, Петковска 10, Стојановска 6, Божинова 3, Станчева и М.Темелковска 1. Седмерци: 2/2. Исклучувања: 6 минути.
РК Кузман Вардар Илинден: Ѓоргиевска 6, Додевска, Тодоровска 1, Чавдарова, Бојковска 2, Петровска, Јовевска 1, А.Анѓеловска, Ристевска, Буразер, Русевска 6, Филипова 5, Петковска, Кириловска и Ј.Анѓеловска. Седмерци: 5/5. Исклучувања: 6 минути.
Судии: Бобан Стојановски и Илија Давидовски од Скопје.
Делегат: Стево Костенчев од Скопје.