Младинките на ЖРК Металург перфектни, 12 средби – 12 победи

27.04.2018 21:02

Младинките на ЖРК Металург вечерва ја извојуваа својата 12 победа во 12 одиграни средби и со максимални 36 бода го завршија регуларниот дел од првенството. Вечерва е совладана екипата на РК Кичево, со резултат 41:16 (20:8).

Победникот од денешната средба се знаеше и пред да почне натпреварот. ЖРК Металург ја оправда фаворитската улога и мечот го реши уште во првата четвртина од средбата. Иако воглавно играа помладите наши ракометарки, разликата брзо стана двоцифрена. Второто полувреме мина како и првото, Металург офанзивен и силен, а противникот според своите можности.

Првенството сега ќе продолжи со фајналфор-турнирот, што ќе се игра во Автокоманда, а на кој ќе се појават првите четири екипи од регуларниот дел, според принципот 1-4 и 2-3.

.

ЖРК Металург – РК Кичево  41:16 (20:8)

ЖРК Металург: Илијаз, Кркачева, Гугуљанова 3, Владева, Божиновска 3, Тасевска 7, Ивановиќ, Смајлоска 4, Арсениевска, Алексоска 7, Дамчевска 4, Калајџиевска 5, Граматова, Ристовска 2, Стефановска 2 и Гајиќ 4.   Седмерци: 1/1.   Исклучени: 2 минути.

РК Кичево: Соколеска, Стојкоска, Таневска, Крстевска 4, Даниловска, Миноска, Наумоска, Калеска, Стојаноска, Михајлоска, М.Темелкоска 4, Дамјаноска, Т.Темелкоска 4, Бебиќ 2 и Танеска 2.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Дичоски Бојан и Василевски Ѓорѓи од Скопје.

Делегат: Реџепи Мамер од Скопје.

Прочитано 163 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 2 = 1