Младинките на ЖРК Металург, преку Вардар Јуниор, први во регуларниот дел од сезоната

25.04.2018 20:27

Младинките на ЖРК Металург на гостувањето кај Вардар Јуниор стигнаа до својата 11-та едноподруго победа и на коло до крајот го осигураа првото место во регуларниот дел од сезоната.

Денешниот натпревар со главниот конкурент во лигата мина во доминација на нашите девојќи, кои имаа целосна контрола врз играта и врз резултатот во текот на целата средба. Во првото полувреме нашето највисоко водство изнесуваше пет гола, но овој дел од средбата заврши со резултат 13:15, во наша полза.

Малку порамноправно се играше на почетокот на вториот дел, а потоа ЖРК Металург повторно ја засили играта и во неколку наврати стигна до денеска максималните шест голови разлика.

Ова е втора победа на нашите девојќи над Вардар Јуниор. Во Автокоманда бевме поубедливи и славевме со резултат 29:19 (15:9).

По завршувањето на регуларниот дел од првенството, ќе се игра фајналфор на теренот на првопласираната екипа – значи во Автокоманда, по принцип 1-4 и 2-3. Учество на фајналфорот обезбедија екипите на ЖРК Металург, Вардар Јуниор, Вардар и Кичево.

.

Вардар Јуниор – ЖРК Металург  26:30 (13:15)

Вардар Јуниор: Трајковска, Гроздановска, Дамјановска 2, Гонзалес, Ѓоргиевска, Петковска 1, Грујовска, Софтовска 5, Наскоска, Џатевска 1, Костовиќ 1, Миновска 1, Седлоска 13,  Коларовска, Јаковчевска 1 и Талевска 1.   Седмерци: 8/9.   Исклучени: 12 минути.

ЖРК Металург: Илијаз, Кркачева, Гугуљанова, Владева 2, Божиновска, Тасевска 4, Смајлоска 3, Арсениевска 3, Алексоска, Дамчевска, Калајџиевска 8, Граматова 4, Ристовска, Стефановска 3, Гајиќ 3 и Брунчевиќ.    Седмерци: 5/6.    Исклучувања: 10 минути.

Судии: Андонов Виктор и Јовановски Стојанче од Скопје.

Делегат: Мирчески Лери од Скопје.

Прочитано 169 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


4 + 7 =