Младинките на ЖРК Металург се вицешампионки на Македонија

17.06.2021 00:59

Во Куманово се одржа фајналфорот во женска младинска конкуренција. По голема борба во финалниот натпревар, првото место го освоија младинките на ЖРК Куманово, кои минимално го совладаа тимот на ЖРК Металург.

Претходно, во полуфиналната средба нашите девојки ги совладаа младинките на ЖРК Деспина, со убедливи 31:21 (14:9), што е најубедлива победа на денешниот турнир. ЖРК Металург одигра перфектњн натпревар и без поголеми напори го совлада својот противник. Се беше решено уште во првото полувреме, а, според виденото, младинките на ЖРК Металург покажаа дека се најголеми фаворити за титулата.

ЖРК Металург – ЖРК Деспина  31:21 (14:9)

ЖРК Металург: Васева, Софтовска 5, Ѓорѓиевска 3, Спасевска 1, Петковска, Гркова 1, Младеновска 6, Арсениевска 6, Спасовска 1, Т.Темелковска 1, Алексовска 2, Несторовска 3, Чобанова, М.Темелковска 2 и Џигерова.    Седмерци: 4/9.     Исклучувања: 8 минути.

ЖРК Деспина: Боризоска 1, Гулеска 7, Ел.Рипилоска 1, Ева Рипилоска 3, Велкоска, Спироска 1, Ристевска, Петреска 2, Богојеска 1, Чурлиноска, Еленин 2, Цаневска 1, Седлоска 1, Миноска, Аризанова и Котевска 1.    Седмерци: 1/1.     Исклучувања: 8 минути.

Судии: Божиновска Сања и Здравковска Адријана.

Делегат: Атанасовски Александар.

…………….

Во финалето се судривме со девојките на ЖРК Куманово, кои тука се пласираа по победата над ЖРК Овче Поле. Во текот на целата средба се водеше жестока борба, во која за жал Металург не ја повтори играта од полуфиналната средба. Долго време бевме во водство, го добивме и првото полувреме, но во вториот дел застанавме. Направивме многу технички грешки во нападот, не одигравме добро во одбраната, па противникот ја искористи својата шанса и направи резултатски пресврт. Сепак, и покрај сите слабости, на пет минути до крајот повторно водевме ние, со 23:22. За жал, во тие пет минути имавме две исклучувања, колку и во сиот претходен период, останавме без Арсениевска, па Куманово успеа да постигне два гола и да го добие натпреварот.

Третото место на турнирот го освоија девојките на ЖРК Деспина кои во малото финале го совладаа тимот на ЖРК Овче Поле.

За најдобар играч на турнирот е прогласена нашата Ива Младеновска, најдобар стрелец е Цветановска Сара од Куманово, а најдобар голман е Марија Јовановска, исто така од Куманово.

ЖРК Металург – ЖРК Куманово  23:24 (11:10)

ЖРК Металург: Васева, Софтовска 6, Ѓорѓиевска, Спасевска, Петковска 1, Гркова, Младеновска 5, Арсениевска 8, Спасовска, Т.Темелковска 2, Алексовска, Несторовска 1, Чобанова, М.Темелковска и Џигерова.    Седмерци: 3/5.     Исклучувања: 8 минути.

ЖРК Куманово: Крстевска, Мат.Јовановска 3, Ѓорѓиевска, Милановска 2, А.Димитриевска 3, Антевска, И.Димитриевска 3, Јанкуловска 4, Мар.Јовановска, С.Цветановска 8, Трајковска, Ѓорѓевиќ, Зафировска 1, Т.Цветановска и Цветановиќ.     Седмерци: 2/4.     Исклучувања: 6 минути.

Судии: Божиновска Сања и Здравковска Адријана.

Делегат: Металари Камер.

Прочитано 268 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 2 = 4