Младинките на ЖРК Металург сезоната ја почнаа со гостинска победа

13.11.2019 21:41

Во првото коло на единствената младинска лига на Македонија, младинките на ЖРК Металург гостуваа кај екипата на РК Кузман Вардар Илинден, која ја совладаа со убедливи 29:41 (12:18).

Се до резултат 7:7 гледавме израмнет натпревар, а потоа младинките на ЖРК Металург го засилија темпото и домашната екипа веќе немаше никакви шанси. Првото полувреме го завршивме со предност од 6 голови, сосема доволни за трите бодови.

Во вториот дел се преслика играта од првото полувреме, па разликата се удвои, а конечниот резултат од оваа средба е 29:41 во полза на нашите девојки.

Во второто коло ЖРК Металург во Автокоманда ќе ја пречека младинската екипа на ЖРК Чаир.

.

РК Кузман Вардар – ЖРК Металург  29:41 (12:18)

РК Кузман Вардар: Ѓоргиева 3, Николова 1, Додевска, Тодоровска, Ивановска 1, Бојковска 5, Петровска, Ристевска, Буразер, Блажевска 14, Филипова 3, Ангелевска, Русевска 2 и Агеловска.    Седмерци: 4/5.    Исклучувања: 4 минути.

ЖРК Металург: Илјаз, Ивановска 3, Тасевска 6, Шоповска 5, Арсениевска 1, Алексовска 1, Темелковска 7, Дамчевска 6, Калајџиевска 4, Ристовска 1, Стојановска 2, Петковска 4, Брунчевиќ 1 и Михајловска.     Седмерци: 2/2.     Исклучувања: 2 минути.

Судии: Бобан Стојановски и Илија Давидовски од Скопје.

Делегат: Стево Костенчев од Скопје.

Прочитано 183 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


5 − = 2