Младинките на ЖРК Металург загубија од Куманово

08.12.2019 17:22

Во петтото коло на единствената младинска лига на Македонија, младинките на ЖРК Металург во Автокоманда се поразени од екипата на ЖРК Куманово. Загубивме со резултат 36:41 (17:20).

Куманово одигра подобро на оваа средба, водеше во текотна сите 60 минути и сосема заслужено ги освои трите бода.

Одигравме две слични полувремиња во кои противникот беше подобар за два до три гола, за конечни +5. Ова е втор пораз на нашите младинки во тековното првенство, а забележавме и три победи.

Ова беше последно коло во 2019 година.

.

ЖРК Металург – ЖРК Куманово  36:41 (17:20)

ЖРК Металург: Михајловска, Ѓошевска, Шоповска, Цветковска, Крстевска 1, Арсениевска 7, Драговиќ, Дамчевска 9, Петковска 5, Ант.Ристовска, Стојановска 9, Брунчевиќ, Васева, Темелковска, Ал.Ристовска и Божинова 5.    Седмерци: 6/8.    Исклучувања: 8 минути.

ЖРК Металург: Крстевска, Томевска, Николовска, Милановска, Пецанова 4, Трајковиќ 10, Ивановска 5, Димитриевска, Јанкуловска 6, Јовановска, Цветановска 8, Стојчевска, Кипријановска 8, Димитровска и Радевска.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 14 минути.

Судии: Виктор Андонов и Стојанчо Јовановски од Скопје.

Делегат: Маријан Огњановски од Скопје.

Прочитано 199 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


7 + 3 =