- МНОГУ ПОТ СЕ ЛЕЕ НА ТРЕНИНЗИТЕ НА ЖРК МЕТАЛУРГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 8 years
- ДЕВОЈКИТЕ ОД МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ ДЕНЕСКА ГО ОДРЖАА ПРВИОТ ТРЕНИНГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 8 years
Младинска Македонија го возврати ударот

Во вториот пријателски натпревар меѓу младинските селекции на Македонија и на Црна Гора, што претпладне се одигра во Автокоманда, нашите младинки забележаа вредна победа и целосно се реваншираа за вчерашниот пораз.
Победата е уште позначајна, ако се знае дека најголемиот дел на нашите младински репрезентативки според годините се всушност кадетки, што значи дека противничките ракометарки во просек беа две години постари.
Иако воглавно се играше рамноправно, сепак нашата репрезентација беше таа што во најголем дел од средбата имаше теренска и резултатска контрола. Македонките во овој натпревар влегоа страшно мотивирани и од самиот почеток направија разлика, најпрво од два гола, 2:0, потоа од 3, 5:2, за на крај и од цели 4 гола, 7:3. За жал, оваа висока предност не успеавме да ја задржиме, бидејќи Црногорките искористија неколку грешки на нашите ракометарки и при крајот на првиот дел го презедоа водството и на одмор заминаа со минимална предност од еден гол, 14:15.
Второто полувреме целосно им припадна на македонските ракометари. Рано поведовме, а потоа успеавме да ја задржиме предноста до самиот крај. Во два наврати повторно ги имавме максималните 4 голови предност, 23:19 и 24:20, а конечниот резултат е 27:25 (14:15).
Посебно треба да се одбележи учинокот на ракометарките на ЖРК Металург, на оваа средба настапија пет наши девојки, кои всушност се и главни “виновници“ за големиот успех на нашата селекција. Амра Илјаз одбрани неколку тешки топки, во моменти кога се кршеше резултатот и му даде шанса на нашиот напад да направи резултатски пресврт. Во нападот, пак, блеснаа Калајџиевска, Тасевска и Смајлоска, кои заедно постигнаа дури 17 голови. Единствена без постигнат погодок е најмладата – Мила Ѓорѓиевска.
.
Македонија – Црна Гора 27:25 (14:15)
Македонија: Илјаз, Грујовска 1, Ѓорѓиевска, Трајковиќ 1, Ивановска 1, Бшжиновска, Затуроска, Калајџиевска 7, Тасевска 4, Смајлоска 6, Џатевска, Јанкуловска, Мицевска, Седлоска, Динарица, Петковска и Николиќ 6. Седмерци: 4/5. Исклучувања: 8 минути.
Црна Гора: Мариновиќ, Марсениќ 5, Божовиќ 1, Радовиќ 3, Годец 3, Пејовиќ, Чоровиќ 7, Глобаревиќ, Кадовиќ, Вујадиновиќ, Вукчевиќ, Раичевиќ 6, Џаферовиќ, Бехаревиќ и Петровиќ. Седмерци: 5/7. Исклучувања: 12 минути.
Судии: Јашар Лејла и Капсарева Михаела од Скопје.
Делегат: Камишевски Душко од Скопје.