НАПРЕДУВА НАШАТА ШКОЛА ВО ОХРИД

23.04.2014 17:22

baner - vesti_resize

Над 100 деца во охридскиот огранок на академијата Металург Ракометната школа во Охрид е една од 26-те на ракометната академија Металург ширум Македонија. Охридскиот органок на Металург со работа почна септември минатата година и сега брoи околу 100 члена. Дечињата се поделени во две возрасни категории од шест до девет години и од 10 до 13 години, а тренираат во спортските сали од основите училишта Григор Прличев и Христо Узонов. – Работиме по однaпред направена програма и со најсовремена опрема. Многу сум задоволна од одзивот и од интересот на дечињата за откривањето на ракометните тајни – рече тренерот Александра Џамтоска. Летово охридската школа ќе биде дел од кампот кој секоја година Металург го одржува во Охрид, а ќе бидат специјални гости на меѓународен камп во Србија. Од следната сезона акaдемијата на Металург од Охрид ќе пријави екипа во пиноерското првенство во Македонија.

Фото:

Прочитано 671 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


4 + = 13