НЕПРИЈАТЕН ПОРАЗ ПРОТИВ ЛОКОМОТИВА

15.02.2013 02:59

Продолжува кризата во ЖРК Металург. Веќе подолго време нашиот шампион не може да смета на својот најсилен состав. Многубројните повреди доведоа до резултатска криза. Повредени се Башиќ, Васчук, а од денеска и Тања Андрејева. Пецевска си замина од клубот. Загубивме натпревари што во други околности можевме и да ги добиеме. Еден од тие сигурно е и натпреварот против Локомотива, нашиот денешен противник.

Металург го почна добро натпреварот. По десетина минути веќе водевме со 5:2. Игравме добро. За жал, наскоро текот на играта се промени. Сега Локомотива беше тимот што го диктираше темпото. Наскоро беше 6:6, а потоа и 6:9, за противникот. Се водеше жестока борба за секој гол. Металург ги вложи сите сили и при крајот на првото полувреме двапати успеа да го израмни резултатот, 13:13 и 14:14. Имавме можност и да поведеме. Сепак, полувремето го загубивме, 14:16.

Вториот дел помина во слична игра. Металург се обиде да направи пресврт во резултатот, но не успеа во тоа. Во неколку наврати бевме на чекор до пресврт, па сепак ја загубивме средбата. Овој пораз во голема мера нѐ оддалечи од фајнал-форот во женската Регионална лига.

ЖРК Металург – РК Локомотива 27:30 (14:16)

ЖРК Металург: Андрејева, Иаломитеану, Антиќ, Мечевска 4, Гроздановска 5, Керамитчиева 2, Ѓорѓиевска 4, Бајрамоска 7, Десподовска, Јовановска, Младеновска 1, Николиќ, Николовска, Саздовска, Ристовска и Митрова. Седмерци: 5/5. Исклучувања: 8 минути.

РК Локомотива: Разум, Смилјаниќ 1, Власиќ, Божовиќ 8, Остарјаш 4, Крсник 3, Марковиќ, Кожњак 7, Јанковиќ 5, Дебелиќ, Марков, Буковина и Полјак 2. Седмерци: 1/2. Исклучувања: 4 минути.

 

Фотогалерија:

 

Прочитано 63 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 5 = 2