Нова победа на ЖРК Металург, совладан е тимот на Спартак

22.11.2020 13:56

Во рамките на 13. коло на Женската лига во Автокоманда гостуваше екипата на РК Спартак, која на крајот ја совладавме со убедливи, 38:26 (17:13).

Средбата почна со израмнета борба. Металург почесто имаше предност, но свои водства имаа и гостинските ракометарки. Сепак, во последните десетина минути од првото полувреме нашите девојки успеаа да се одлепат и овој дел го завршивме со предност од 4 гола, 17:13.

Во вториот дел од средбата дојдоа до израз физичката подготовка и квалитетот на нашиот тим, кој го искористи и заморот кај гостинските ракометарки и на крајот обезбеди убедлива победа изразена со 12 голови разлика.

Во Металург најпрецизна беше Марија Тасевска, која постигна 10 гола, а во противничките редови и парираше Коларовска Ана Марија, која постигна гол помалку.

Во следното коло повторно ќе играме дома, а противник ќе ни биде екипата на ЖРК Пелистер.

.

ЖРК Металург – ЖРК Спартак  38:26 (17:13)

ЖРК Металург: Илјаз, Паскал, Гугуљанова 2, Ѓорѓиевска, Владева, Гулицоска 2, Тасевска 10, Смајлоска 1, Арсениевска 1, Алексоска 2, Темелковска, Дамчевска 5, Божиновска 6, Ристовска 1, Петковска 5 и Николиќ 3.     Седмерци: 1/1.      Исклучувања: 10 минути.

РК Спартак: Коларовска 9, Петковска 3, Василева 5, Самарџиоска, Божиновска, Гроздановска 6, Ива Кимовска, Ивона Кимовска 2 и Китановска 1.      Седмерци: 7/9.     Исклучувања: 2 минути.

Судии: Игор Наумовски и Иво Георгиевски.

Делегат: Васе Зипевски.

 

Прочитано 165 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 2 = 3