Пионерките на ЖРК Металург го поразија тимот на ЖРК Алушовски

08.03.2020 14:25

Во 11. коло на пионерската лига на Македонија, група 1, пионерките на ЖРК Металург го поразија тимот на ЖРК Алушовски и ја забележаа својата деветта победа во првенството.

Нашите пионерки водеа во текот на сите 40 минути и заслужено ги освоија бодовите.

Всушност, победата е извојувана уште во првото полувреме, кое го добивме со 6 голови разлика, така да во вториот дел влеговме растеретени и само ја зголемивме конечната предност на 9 голови.

Пионерките на ЖРК Металург останаа на второто место на табелата и сега имаат 9 победи и по еден пораз и нерешен резултат.

Во следното коло не очекува гостување кај екипата на ЖРК Вардар Илинден.

.

ЖРК Металург – ЖРК Алушовски  25:16 (15:9)

ЖРК Металург: Васева, Шехтанска, Ј.Спасовска, Петковска 4, Јакимовска 9, Чобанова, М.Спасовска 1, Алексоска 3, Рајатковска 3, Петреска, Анд.Џигерова 5 и Ал.Џигерова.    Седмерци: 1/1.    Исклучувања:12 минути.

ЖРК Алушовски: Солева, Димитријоска 1, Милошеска 2, Тодоров, Мемова 1, Ристовска 3 и Младеновска 9.    Седмерци: 2/3.     Исклучувања: 2 минути.

Судии: Бобан Стојановски и Илија Давидовски од Скопје.

Делегат: Гордана Ѓорѓеска од Скопје.

Прочитано 163 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


7 − = 1