Пионерките на ЖРК Металург победија и во второто коло

28.09.2019 14:57

Во рамките на бторото коло на женската пионерка лига на Македонија, група 1, пионерките на ЖРК Металург дојдоа и до својата втора победа. На гостувањето кај ЖРК Алушовски, го совладавме својот противник со резултат 12:15 (1:8).

Нашите пионерки одиграа маестрално прво полувреме, во кое на противникот му дозволија да постигне само еден гол. Ова полувреме го добивме со разлика од 7 голови, решавачка за конечниот исход на средбата.

Во вториот дел, задоволна од постинатото, тренерот на ЖРК Металург Мери Арсениевска им даде поголема минутажа на тие од клупата. Овој дел нашите девојки го одиграа полошо. Недостатокот на потребната концентрација доведе до многу технички грешки, а сето тоа го искористи противникот за да го ублажи високиот пораз.

Пионерскиот тим на ЖРК Металург сега има максимални две победи, но многу потешка задача ќе има веќе во следното коло, кога во Автокоманда ќе гостува екипата на ЖРК Делчево Вардар.

.

ЖРК Алушовски – ЖРК Металург  12:15 (1:8)

ЖРК Алушовски: Тодоров, Велигденова 2, Ристовска 3, Милошеска, Мемов 1, Младеновска 3, Соколова 3 и Димитријоска.    Седмерци: 4/6.     Исклучувања: 8 минути.    Црвен картон: Велигденова во 39. минута.

ЖРК Металург: Алексоска, Анд. Џигерова, Анас. Џигерова, Јакимовска 5, Петковска 4, Васева, Ѓурческа, М.Спасовска 4, Рајаткоска, Ј.Спасовска 2 и Петкоска.     Седмерци: 1/2.     Исклучувања: 6 минути.

 

.

 

Прочитано 233 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


4 + = 5