Пионерките на ЖРК Металург подобри од Куманово

29.02.2020 22:28

По зимската пауза, денеска продолжи женското пионерско првенство на Македонија.

Во групата 1, пионерките на ЖРК Металург, во рамките на 10. коло, во Автокоманда ја совладаа екипата на ЖРК Куманово, со резултат 19:15 (11:8).

Нашите пионерки беа подобри во текот на целата средба, иако противникот се закани во неколку наврати и во првото и во второто полувреме.

Во првото полувреме долго време имавме конкретна предност од неколку гола, но кон средината на ова полувреме Куманово искористи слабост на нашиот тим и го забележа своето единствено водство во текот на целата средба. Првото полувреме го добивме со 11:8.

Во вториот дел се водеше голема борба, но нашето водство не го испуштивме, а со серија од 4:0, кон крајот на средбата, дефинитивно ја запечативме победата.

Ова е осма победа на нашиот пионерски тим, кој е на втората позиција на табелата.

.

ЖРК Металург – ЖРК Куманово  19:15 (11:8)

ЖРК Металург: Васева, Ј.Спасовска 3, Шехтанска, Јакимовска 6, Чобанова, М.Спасовска, Димитриоска 4, Алексоска, Рајатковска 1, Анд.Џигерова 3 и Алек.Џигерова 2.    Седмерци: 4/5.   Исклучувања: 10 минути.

ЖРК Куманово: Андоновска, Кипријановска, Трајковска, Ѓоргиевска, Цветковска 2, Димитровска 2, Милановска 1, Матеја Јовановска 3, Николовска 4, Спировска, Пешевска, Јовановска, Зафировска 3, Цветковиќ, Пешиќ и Ѓоргевиќ.    Седмерци: 1/1.    Исклучувања: 10 минути.

Судии: Бобан Стојановски и Илија Давидовски од Скопје.

Делегат: Цветомир Јовановски од Скопје.

Прочитано 170 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 4 = 8