- МНОГУ ПОТ СЕ ЛЕЕ НА ТРЕНИНЗИТЕ НА ЖРК МЕТАЛУРГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 6 years
- ДЕВОЈКИТЕ ОД МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ ДЕНЕСКА ГО ОДРЖАА ПРВИОТ ТРЕНИНГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 6 years
Пионерките на ЖРК Металург првенството го стартуваа со гостинска победа во Куманово

Во првото коло на женското пионерско првенство на Македонија, екипата на ЖРК Металург гостуваше во Куманово. Нашиот тим во соседниот град допатува со само девет ракометарки, поради епидемија на повреди и болести што во моментот го зафатија тимот. Сепак, и со девет ракометарки ги освоивме трите бода и означивме перфектен старт на новата сезона.
Во првото полувреме домашниот тим покажа повеќе на почетокот и имаше водство во првите две третини од овој дел. Но, така беше се додека ракометарките на Металург не ги консолидираа своите редови, а потоа тргнаа во освојување на бодовите. Првото полувреме го добивме со минимални 7:8.
Во вториот дел нашите ракометарки го диктираа темпото и имаа целосна контрола врз резултатот. Во два наврати водевме со максимални +5, а средбата ја завршивме со предност од три гола, 12:15.
Инаку, ова беше прв натпревар во кој нашиот пионерски тим го предводи Мери Арсениевска. И честитаме на првата победа и и посакуваме многу успеси во кариерата.
.
ЖРК Куманово – ЖРК Металург 12:15 (7:8)
ЖРК Куманово: Андоновска, Кировска, Трајковска, Ѓорѓиевска, Николовска 4, Милановска 1, Зафировска 1, Јовановска 1, Димитровска, Матеа Јовановска 5, Николиќ и Цветковска. Седмерци: 2/3. Исклучувања: 4 минути.
ЖРК Металург: Васева, Ѓурческа, Ј.Спасовска 3, Петковска 4, М.Спасовска 1, Алексовска 3, Трајковска 1, Ан.Џигерова 3 и Ал.Џигерова. Седмерци: 4/4. Исклучувањ: 4 минути.
Судии: Александар Стојановиќ и Наум Александровски од Куманово.
Делегати: Александар Атанасовски од Куманово.