Пионерките на ЖРК Металург се пласираа во финалето на пионерскиот фајналфор

21.04.2018 14:15

Пионерките на ЖРК Металург 1 во денешното полуфинале го надиграа тимот на ЖРК Делчево и се пласираа во финалето на женскиот пионерски фајналфор, што се игра во Битола.

Нашите пионерки ја совладаа екипата на ЖРК Делчево со резултат 22:19 (12:8), во натпревар во кој во текот на целата средба бевме подобри и имавме целосна контрола и врз играта и врз резултатот.

Ова е 13-та едноподруго победа на нашите пионерки, кој во денешното финале ќе се сретнат со пионерките на ЖРК Пелистер. Интересно, со Пелистер во регуларниот дел од сезона се сретнавме двапати. Во Автокоманда ги победивме катастрофално, со резултат 32:16 (15:9), додека во Битола ги совладавме со 24:27 (16:15).

Денешното финале е закажано со почеток во 18 часот.

.

ЖРК Металург – ЖРК Делчево  22:19 (12:8)

ЖРК Металург: Ѓошевска 5, Ѓуриќ, Ѓорѓиевска 3, Русевска 1, Поповска, Ѓоргиевска 4, Бојковска, Неделковска, Стојановска 4, Василева 4, Алексовска 1, Божиновска, Кочовска, Петровска, Капсарева и Ристовска.    Седмерци: 1/1.   Исклучувања: 8 минути.

ЖРК Делчево: Тодоровска, Спасевска, Арсениевска 7, Николова 2, Илиевска 4, Велевска 2, Јанковска, Спасевска 1, Благоевска и Ангеловска 3.   Седмерци: 3/3.   Исклучувања: 2 минути.

Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола.

Делегат: Огненов Игор од Битола.

Прочитано 277 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 4 = 5