Пионерките на ЖРК Металург шампионки на Македонија

22.04.2018 10:29

Пионерскиот тим на ЖРК Металург е новиот шампион на Македонија во пионерска конкуренција. По една сезона, шампионскиот пехар повторно ќе ја краси витрината на Металург, а ова е и нашиот прв шампионски пехар во тековната сезона.

Овој пат нашите пионерки минаа низ првенството како “експресен воз“, остварувајќи максимални 14 победи, 12 во регуларниот дел и две во фајналфорот. Нивната доминација се гледа и низ соодносот на постигнатите и примените голови. Имено, во текот на сезоната нашите најмлади ракометарки вкупно постигнаа 287 гола, а примија само 152 гола, односно остварија позитивна гол-разлика од дури 135 гола. Тоа значи дека во просек сите противници ги победивме со скоро 10 голови разлика.

Вчерашната финална средба со тимот на ЖРК Пелистер исто така мина во доминација на пионерките на ЖРК Металург. Домашниот состав имаше само почетно водство, а се понатаму беше во знакот на нашите пионерки.

Впечатокот од успешниот фајналфор е комплетиран и со индивидуалниот резултат на нашата Елена Поповска, која е избрана за најдобар голман на турнирот.

Честитки за пионерките на ЖРК Металург!

.

ЖРК Пелистер – ЖРК Металург  13:22 (7:11)

ЖРК Пелистер: Огненова, Грујевска, Јанкуловска, Тодоровска, Милосављевиќ 1, Каковска 2, Т.Дојошевска, Там.Дојошевска, Босилковска 1, Павловска 1, М.Јанкуловска 1, А.Јанкуловска 2, Белевска 5 и Стојановска.    Седмерци: 2/4.   Исклучувања: 0 минути.

ЖРК Металург: Михајловска, Ѓошевска 3, Петровска, Неделковска, М.Ѓорѓиевска 4, Русевска 4, Поповска, Стојановска 2, Мар. Ѓорѓиевска 6, Паковска, Драговиќ, Василева 3, Алексовска, Кочовска, Васевска и Крстевска.   Седмерци: 2/2.   Исклучувања: 8 минути.

Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

Прочитано 528 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


8 − 2 =