Пионерките на ЖРК Металург славеа на гостувањето кај Велкова 5

17.11.2019 22:35

Во осмото коло на пионерската лига на Македонија, група 2, пионерките на ЖРК Металург извојуваа убедлива победа на гостувањето кај екипата на Велкова 5. Нашите најмлади ракометарки победија со резултат 12:18 (6:7).

Во првото полувреме се водеше израмнета борба. Почетокот им припадна на домашните ракометарки, кои водеа со 5:2 и 6:3, но крајот на првиот дел мина во знакот на екипата на ЖРК Металург, која направи комплетен резултатски пресврт и го доби првото полувреме со резултат 6:7.

Пресудна за целата средба беше нашата серија од 5:0 на почетокот на второто полувреме. Металург поведе со 7:12 и противникот веќе не можеше да направи ништо.

Ова е шеста победа на нашите пионерки, кои имаат и по еден пораз и нерешен резултат. Во следното коло играме дома и тоа со екипата на КЛ-7 Лазаров.

.

ЖРК Велкова 5 – ЖРК Металург  12:18 (6:7)

ЖРК Велкова 5: Стојановска, Крстевска, Грујовска 2, Величковска, Велкова 5, З.Блажевска, Трпеска 1, С.Блажевска, Стојановска, Трајковска, Михајловска, Галачева и Радевска 4.     Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 0 минути.

ЖРК Металург: Спасовска 5, Чобанова, Шектанска, Томановска, Алексовска, Јакимовска 4, Спасевска 2, Петреска, Димитриоска 3, Андр.Џигерова, Алекс.Џигерова, Стојановска, Петковска 4, Васева и Рајковска.     Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 2 минути.

Судии: Адријана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје.

Делегат: Митко Ѓорѓиевски од Скопје.

Прочитано 109 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


8 − 1 =