Пионерките на ЖРК Металург запишаа уште една победа

10.11.2019 18:49

Во седмото коло на пионерската лига на Македонија, група 1, пионерките на ЖРК Металург запишаа уште една победа. Во Автокоманда е совладана екипата на ЖРК Ѓорче Петров, со резултат 17:10 (8:2).

Нашите пионерки имаа предност во текот на целата средба и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се надева на било што освен пораз.

Веќе по првото полувреме имавме недостижни +6, 8:2. Во вториот дел стигнавме и до максимални +10, 15:5, но на крајот се задоволивме со победа изразена со седум голови разлика, 17:10.

Ова е петта победа на нашите најмлади ракометарки, кои имаат и по еден пораз и нерешен резултат.

.

ЖРК Металург – ЖРК Ѓорче Петров  17:10 (8:2)

ЖРК Металург: Васева, Димитриоска 3, Шехтанска, Ј.Спасовска 4, Петковска 1, Јакимовска 2, Алек.Џигерова, М.Спасовска 4, Стојановска, Алексоска, Рајатковска, Томаноска, Петреска 1 и Анд.Џигерова 2.    Седмерци: 4/5.    Исклучувања: 6 минути.

ЖРК Ѓорче Петров: Џеладини, Грковска 1, Кежаровска, Хасаноска, Шријељ, Несторовска 4, Петровска 2, Атанасовска, Ѓероска 1, Чубриноска, Марковска и Маринчов 2.    Седмерци: 1/4.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Кимовски Благоја и Михајлов Блаже од Скопје.

Делегат: Ѓоргиевски Митко од Скопје.

Прочитано 114 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


6 + = 13