По жестока борба, големото дерби и припадна на екипата на ЖРК Куманово

29.04.2021 15:54

Големото дерби во македонскиот женскиот ракомет, по жестока борба, и припадна на екипата на ЖРК Куманово, која е пред непосредна промоција во нов шампион на Македонија. Кумановки го совладаа ЖРК Металург со резултат 24:21 (9:11).

ЖРК Металург има зошто да жали за поразот на овој натпревар, бидејќи повеќе од 50 минути беше подобрата екипа, со постојано водство, кое на моменти изнесуваше и четири голови разлика. Нашите девојки влегоа мотивирано во овој натпревар и во текот на целата средба имаа целосна контрола врз случувањата во салата на СОУ „Перо Наков“ во Куманово. Но, во самата завршница се случи пад во концентрацијата и таа шанса ја искористија домашните ракометарки за целосен резултатски пресврт. Куманово прв пат поведе при резултат 21:20, а средбата ја заврши со победа од три голови разлика, 24:21.

Овие две екипи ќе водат тешка борба и на 14 мај, кога во Автокоманда ќе го одиграат полуфиналниот натпревар во Купот на Македонија. Тоа ќе биде и шанса за реванш на нашата екипа.

.

ЖРК Куманово – ЖРК Металург  24:21 (9:11)

ЖРК Куманово: Митровиќ, Паскал, Јовановска, Марковиќ, Трајковиќ 1, Ивановска 2, Боризовска 4, Шарановиќ 1, Чокели 1, Јанкуловска 3, Кипријановска 8, Џамкиќ 4, Цветановска, Краљевски, Белирхоџиќ и Димитриевска.    Седмерци: 4/8.   Исклучувања: 4 мин.

ЖРК Металург: Илјаз, Ивановска, Ѓорѓиевска, Владева 1, Гулицоска 4, Тасевска 2, Васева, Смајлоска, Арсениевска 6, Младеновска, Темелковска, Дамчевска, Божиновска 3, Ристовска 3, Петковска и Николиќ 2.    Седмерци: 3/5.   Исклучувања: 18 мин.

Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

 

Прочитано 80 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


7 + = 14