- МНОГУ ПОТ СЕ ЛЕЕ НА ТРЕНИНЗИТЕ НА ЖРК МЕТАЛУРГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 7 years
- ДЕВОЈКИТЕ ОД МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ ДЕНЕСКА ГО ОДРЖАА ПРВИОТ ТРЕНИНГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 7 years
ПОБЕДА. ПОДРАВКА ПАДНА ПОД НАЛЕТОТ НА ЖРК МЕТАЛУРГ

Убави вести стигнаа од Љубљана.
ЖРК Металург ја извојува својата прва победа во женската Регионална лига во тековната сезона. Совладана е екипата на Подравка, учесник во групната фаза на Лигата на шампиони и дваесеткратен шампион на Хрватска, со резултат 18:17 (8:11). Ова е прв натпревар од петтиот турнир на Регионалната лига во чии рамки утре ќе одиграме и средба со тимот на Крим Меркатор.
Денешниот натпревар помина во тешка и рамноправна борба, во која свои периоди имаа и двете екипи. Почетокот им припадна на нашите девојќи, средината од првиот дел беше целосно израмнета, но крајот на овој период сепак го доби Подравка, која во еден момент стекна и предност од четири гола, 6:10. Првото полувреме заврши со резултат 8:11, за нашиот противник.
Сосема спротивна беше сликата во вториот дел. Откако Подравка ја повтори предноста од четири гола, 8:12, ЖРК Металург заигра многу поангажирано и веќе кон средината на ова полувреме, најпрво го израмни резултатот (13:13), а потоа и поведе (14:13). Долго време се играше гол за гол, за на крајот да слават нашите девојќи, кои мечот го завршија со серија од 3:0. Последниот гол на средбата го постигна Подравка, со што успеа да го сведе поразот на минимални -1.
Најдобри во нашите редови беа Белеска и Ливриниќ, кои постигнаа по пет гола. Нашата голманска двојка Антиќ/Серафимова собра вкупно 12 одбрани.
Утре, повторно со почеток во 12 часот, нашите девојќи ќе се сретнат со екипата на домаќинот, Крим Меркатор, предводена од нашата доскорешна ракометарка Мирјета Бајрамоска.
РК Подравка – ЖРК Металург 17:18 (11:8)
РК Подравка: Јукиќ, Човиќ 1, Никшиќ 1, Шенвалд 6, Живковиќ, Џоно, Немашкало, Мрџен 3, Капитановиќ, Драгишиќ 3, Видак, Миленковиќ, Оремовиќ 1, Маљак 2 и Трифуновиќ. Седмерци: 2/2. Исклучувања: 4 минути.
ЖРК Металург: Антиќ, Серафимова, Дурланова, Ливриниќ 5, Николовска, Јовановска 3, Каранфиловска, Белеска 5, Петковска, Ристовска 2, Стојковска, Ципушева, Саздовска 1, Николиќ 1 и Дабевска 1. Седмерци: 4/8. Исклучувања: 6 минути.
Судии: Бојан Лах и Давид Сок од Словенија.
Делегат: Ања Фрешер од Словенија.