- МНОГУ ПОТ СЕ ЛЕЕ НА ТРЕНИНЗИТЕ НА ЖРК МЕТАЛУРГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 8 years
- ДЕВОЈКИТЕ ОД МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ ДЕНЕСКА ГО ОДРЖАА ПРВИОТ ТРЕНИНГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 8 years
ПОДРАВКА ПРЕСИЛНА ЗА ЖРК МЕТАЛУРГ

Екипата на Подравка, учесник во Лигата на шампионите и една од најсилните на нашите простори, го совлада тимот на ЖРК Металург, со резултат 32:21 (17:11). Нашите девојќи немаа многу шанси во дуелот со хрватските шампионки предводени од Сања Дамјановиќ, најдобриот лев бек на ЕП-2012 во Србија. Подравка поведе со 3:0, а потоа и со 4:1. Постепено разликата се зголеми и на цели седум гола разлика, 13:6. Првиот дел од натпреварот заврши со резултат 17:11. Во вториот дел продолжи доминацијата на ракометарките на Подравка, кои на разликата од првиот дел и додадоа уште пет гола за конечна победа, со резултат 32:21. Посебно лоша реализација нашите девојки имаа од линијата на седум метри. Ги промашивме сите три пенали кои беа досудени во наша полза, еден во првиот дел и два во вториот дел.
Најпрецизна на средбата беше нашата Бајрамовска со 8 постигнати гола, а Дамјановиќ со 7 и Човиќ со 6, беа најрасположените ракометарки на Подравка. Хрватските голманки имаа 15 одбрани, со три седмерци, додека нашите 9, со еден седмерец.
Копривница. Сала “Фран Галовиќ“. Гледачи околу 500.
Подравка Вегета – ЖРК Металург 32:21 (17:11)
Подравка Вегета: Ждериќ (3+2 одбрани), Jeлчиќ (9+1 одбрани), Kириџиќ 4, Човиќ 6, Понграц 3, Шенвалд, Mиколчиќ 1, Maљак, Гаче 1, Дамјановиќ 7(2), Mилановиќ Литре 2, Видак 2(1), Tвориќ, Хорват 4 и Пушиќ-Koрољевиќ 2(2). Седмерци: 5/6. Исклучувања: 6 минути.
ЖРК Mеталург: Aндрејева (4+1 одбрани), Иаломитеану (4 oдбрани), Meчевскa 1, Гроздановска, Kерамитчиева, Ѓорѓиевска 1, Бајрамоска 8, Десподовска, Пецевскa, Mладеновска 1, Николовска 2, Башиќ 4, Саздовска, Васчук 2, Ристовска и Mитрова 2. Седмерци:0/3. Исклучувања: 8 минути.
Судии: Бранка Мариќ и Зорица Машиќ, двете од Србија.
ЖРК Металург по вечерата тргна кон Скопје, каде се очекува да пристигне денес наутро. До крајот на годината нашите девојќи имаат уште еден натпревар, повторно во рамките на женската Регионална лига. На 26 декември во “Автокоманда“ гостува уште еден женски супер-тим, Заечар.