- МНОГУ ПОТ СЕ ЛЕЕ НА ТРЕНИНЗИТЕ НА ЖРК МЕТАЛУРГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 8 years
- ДЕВОЈКИТЕ ОД МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ ДЕНЕСКА ГО ОДРЖАА ПРВИОТ ТРЕНИНГ. ФОТОГАЛЕРИЈАОбјавено пред 8 years
Пораз на македонските селекции во мечевите со Црна Гора

Сениорската женска репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Црна Гора во пријателски натпревар што се одигра во СС “Автокоманда“ во Скопје, во рамки на ЕХФ неделата.
Во првиот контролен натпревар сениорката репрезентација на Македонија загуби со резултат 21:22, на полувреме 13:13. Незивесноста на натпреварот траеше до самиот крај, во кој репрезентацијата на Црна Гора успеа да дојде до победата со погодок на Јелена Деспотович на 10 секунди пред крајот на натпреварот.
За репрезентацијата на Македонија најефикасна ракометарка беше Елена Ѓорѓиевска со 7 погодоци, додека за селекцијата на Црна Гора беше Јелена Деспотович со 9 погодоци.
За сениорската репрезентација настапија и две ракометарки на ЖРК Металург – Леонида Гичевска и Марија Гајиќ.
Официјален записник од натпреварот.
Претходно во 15.00 часот се одигра и младинскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Црна Гора. Натпреварот заврши со резултат 18:25, на полувреме 08:12 во полза на Црна Гора. За младинската репрезентација настапија и пет ракометарки на ЖРК Металург – Амра Илјаз, Мила Ѓорѓиевска, Јана Калајџиевска, Марија Тасевска и Аида Смајлоска. Заедно, тие постигнаа вкупно 8 голови. Нашата Јана Калајџиевска, со 4 постигнати гола, беше и најрезултативна ракометарка во нашата селекција.
Официјален записник од натпреварот.
Утре со почеток во 10.00 часот започнува вториот контролен натпревар на младинската селекција на Македонија против Црна Гора, додека во 12.00 часот сениорките го играат контролниот натпревар против Црна Гора.
Натпреварите се играат во СС “Автокоманда„, влезот во салата е слободен.