ПОРАЗ НА ЖРК МЕТАЛУРГ ПРОТИВ ЕКИПАТА НА ДАНИЛОВГРАД

21.01.2015 23:18

baner - vesti_resize

Во првата средба од четвртиот турнир на Регионалната лига, кој се одржува во Скопје, екипата на ЖРК Металург, по голема борба, загуби од тимот на Даниловград, со резултат 18:21 (9:10).

Во првото полувреме се водеше рамноправна борба, а екипите се менуваа во водството. Сепак, овој дел заврши со минимална предност на гостинскиот состав, 10:9.

Борбата продолжи и во второто полувреме, а Даниловград на крајот забележа заслужена победа.

Мeталург – Даниловград 18:21 (9:10)

Meталург: Серафимова, Каранфиловска, Aнтиќ, Белеска 4, Joвановска 2, Николиќ 1, Стојковска 4, Николовска 2, Дабевскa, Ливриниќ 3,Саздовска 1, Ципушева, Дурланова, Ристовска 1 и Петковска.    Седмерци: 1/3.    Исклучувања: 2 минути.

Даниловград: Ненезиќ, Муратовиќ 3, Ујкиќ 3, Павичевиќ 2, Jaнковиќ 6, Чавловиќ 1, Aговиќ, Рајковиќ, Aрсенијевиќ 1, Maловиќ 2, Сениќ 1, Прелевиќ 1 и Пејовиќ 1.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Илиевска Марија и Карбеска Сивана од Скопје.

————————————————————————————————————————————————————————–

Во вториот натпревар екипата на Будуќност лесно се справи со тимот на Крим Меркатор.

Kрим Меркатор – Будуќност 24:35 (9:17)

Kрим Меркатор: Петрухина, Степанишина, Aртсјукович 3, Jуриќ, Пино 1, Maвсар 6, Хрнчиќ 1, Бајрамоска, Oморегие 1, Koрен 4, Jaнковиќ 4 и Грегорц 1.     Седмерци: 3/4.      Исклучувања: 6 минути.

Будуќност: Волтеринг, Ждериќ, Петровиќ 6, Неагу 4, Николиќ, Далби 3, Булатовиќ 4, Рамусовиќ 2, Цвијиќ 2, Деспотовиќ 2, Павичевиќ 7, Биздра 1, Kнежевиќ 4 и Лазович.     Седмерци: 3/3.      Исклучувања: 8 минути.

Судии: Кркачев/Колевски од Скопје.

Фотогалерија од средбата Крим Меркатор – Будучност.

 

Прочитано 494 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 4 = 3