ПОРАЗ НА ЖРК МЕТАЛУРГ ВО ПОДГОРИЦА

27.09.2014 22:34

baner - vesti_resize

Лош натпревар одиграа нашите девојки во првото коло на женската Регионална лига. Загубивме од екипата на Даниловград, со резултат 18:26 (8:13).

За жал, не бевме ниту приближно добри како против екипата на Вардар. Одигравме слабо и во одбраната и во нападот. Противничките, кои имаат многу поискусен и повоигран тим од нашиот, одиграа цврсто во одбраната, додека во нападот лесно погодуваа и од линијата од девет метри. Но, преку такви натпревари нашите млади ракометарки се здобиваат со потребното меѓународно искуство, кое го нема ниту една од нив.

Утре ЖРК Металург го игра натпреварот од второто коло, против фаворитот Будуќност.

ЖРК Даниловград – ЖРК Металург  26:18 (13:8)

ЖРК Металург: Антиќ, Серафимова, Ивановска 4, Белеска 3, Јовановска 1, Николиќ 2, Николовска 1, Ливриниќ 1, Саздовска 1, Величковска 1, Ристовска 4. Ципушева, Каранфиловска, Дабевска, Стојковска и Пеовска.

Во вториот натпревар екипата на Будуќност високо го совлада тимот на Крим, со резултат 33:15 (19:6). Нашата поранешна ракометарка, Мирјета Бајрамоска, постигна три гола за екипата на Крим.

Утре играат:

ЖРК Даниловград – Крим Меркатор   во 17 часот.

ЖРК Будуќност – ЖРК Металург   во 19 часот.

Прочитано 256 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


4 − = 1