ПОРАЗ НА ЖРК МЕТАЛУРГ

21.01.2013 23:02

ЖРК Металург вечерва го загуби натпреварот против европскиот шампион, Будуќност.

За жал, средбата почна со повредата на Соња Башиќ, која го повреди глуждот и веќе во втората минута ја заврши средбата. Тоа имаше големо влијание на понатамошниот тек на средбата. И покрај тоа, во првото полувреме ЖРК Металург беше целосно рамноправен во дуелот со големиот ривал. По голема борба, полувремето заврши со резултат 11:10, за тимот на Будуќност, а резултатот беше израмнуван дури седум пати. Металург последен пат водеше со резултат 8:7, а потоа Будуќност, со серија од 4:0, го сврте текот на средбата.

Во второто полувреме, работите се променија на наша штета. Кај Металург се почувствува замор, а тоа го искористија гостинките и постепено ја зголемија својата предност. Металург се обидуваше да се врати во игра, но за тоа немаше сили. Кон средината на второто полувреме излезе и заморената Бајрамоска, што дополнително влијаеше врз нашата игра. На крајот сосема заслужено победија ракометарките на Будуќност, со резултат 24:17 (11:10).

ЖРК Металург – ЖРК Будуќност   17:24 (10:11)

ЖРК Металург: Андрејева, Иаломитеану, Мечевска 1, Гроздановска, Керамитчиева, Ѓорѓиевска 1, Бајрамоска 3, Десподовска 4, Јовановска, Младеновска, Николовска 2, Башиќ, Саздовска, Васчук 4, Ристовска и Митрова 2.        Седмерци: 3/3.        Исклучувња: 6 минути:

ЖРК Будуќност: Волтеринг, Милјаниќ 3, Трифуновиќ, Менди 2, Живковиќ 4, Булатовиќ 3, Николиќ 4, Ѓорѓиевска, Јежиќ, Вукчевиќ, Брало, Цвијиќ 1,  Павичевиќ 5, Кнежевиќ 2 и Лазовиќ.        Седмерци: 1/1.          Исклучувања: 8 минути.

Судии: Антиќ Вања и Јаковлевиќ Јелена од Србија.

Делегат:  Николовски Аце од Скопје.

Фотогалерија: (извор “Нова Македонија“ – фото Андоновски)

Прочитано 37 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


9 − 1 =