Познати се полуфиналните двојки во Купот на Македонија

09.05.2018 10:52

Денеска во просториите на РФМ се извлечени полуфиналните двојки во Купот на Македонија. Завршницата на Купот оваа година ќе се игра во Скопје, на 19 и на 20 мај, а организатор е ЖРК Вардар.

ЖРК Металург во полуфиналето ќе се сретне со екипата на ЖРК Вардар Јуниор, што ќе биде нивна петта средба во тековната сезона. Во претходните четири средби, одиграни во рамките на првенството на Македонија, нашите девојки забележаа две победи, еден минимален пораз и еден нерешен резултат.

.

Полуфинални двојки:

ЖРК Вардар – ЖРК Пелистер

ЖРК Металург – ЖРК Вардар Јуниор

.

Распоред:

19 мај, 15.00 часот:  ЖРК Металург – ЖРК Вардар Јуниор

19 мај, 17.00 часот:  ЖРК Вардар – ЖРК Пелистер

20 мај, 13.00 часот:  Финале

Прочитано 93 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


6 + 9 =