ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЖРК МЕТАЛУРГ

22.10.2015 15:43

baner-vesti_resize

По пресот на РК Металург, контакт со медиумите оствари и ЖРК Металург, во чие име зборуваа Александар Петровски, шефот на стручниот штаб на ЖРК Металург, и Наташа Антиќ, која е капитен на екипата.

“Имаме млада екипа и сезонава си зацртавме за цел да отидеме подалеку во Европа. Работиме многу напорно и се надевам дека ќе ја исполниме поставената цел. Добивме една незгодна екипа, знаеме што претставува Холандија во женскиот ракомет, но нашите девојки одиграа одличен натпревар и имаме позитивен резултат. Сепак, се уште ништо не е готово, бидејќи тие ќе сакаат да го надоместат загубеното. Се работи за една брза екипа, со брза трансформација во напад и брза контра. Резултатот е добар за нас, но е и незгоден. Победата е изразена со само еден гол разлика, но таа ни ја наметна фаворитската улога, која ние треба да ја оправдаме. Сепак, мислам дека, и ние од стручниот штаб и нашите ракометарки, сме свесни што можеме да добиеме, а што да загубиме во овој натпревар и затоа ќе направиме се за да ја добиеме оваа средба“, рече Петровски.

Александар Петровски смета дека ова е добро и за женскиот ракомет во Македонија:

Сето ова е добро и за женскиот ракомет во Македонија, затоа што преку вакви натпревари се создаваат врвни играчи и искуство. Затоа сметам дека овие натпревари дојдоа во вистинско време“.

Капитенот Наташа Антиќ се согласува со својот тренер:

“Минатата година не успеавме да го минеме Сиофок, но сега е време да направиме нешто повеќе. Иако победивме на теренот на противникот, засега ништо не е готово. Се надевам дека во Скопје ќе одиграме уште подобро и дека ќе и се радуваме на победата, која ќе значи пласман во следното коло“.

Средбата меѓу ЖРК Металург и Вестфрисланд се игра во „Автокоманда“, в сабота, со почеток во 17 часот.

Фото:

Прочитано 191 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 7 = 0