ПРВА ПОБЕДА НА ЖРК МЕТАЛУРГ ВО РЕГИОНАЛНАТА ЛИГА

09.09.2012 20:58

Нашиот шампион ЖРК Металург дојде до својата прва победа во Регионалната лига. Искористувајки го својот престој во Црна Гора, а за да ги намали своите патни трошоци, ЖРК Металург ја одигра средбата од 12. коло, во која ја совлада екипата на Бисери од Плевље. Резултатот од овој натпревар е 31:14 (18:4) за Металург. Нашите девојки прикажаа цврста игра во одбраната, дозволувајки му на противникот само четири гола во првиот дел, а четиринаесет на целиот натпревар.

РК Бисери Плевља – ЖРК Металург   14:31 (4:18)

РК Бисери Плевља: Костиќ, Перазиќ 2, Кликовац 1, Ракочевиќ, Деспотовиќ 5, Вукчевиќ 2, Мугоша 1, Џурковиќ. Калуџеровиќ, Ивановиќ 1, Горановиќ., Речевиќ 2 и Перовиќ.        Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 0 минути.

ЖРК Металург: Андрејева, Иаломитеану, Антиќ, Мечевска 2, Гроздановска 3, Ѓорѓиевска, Бајрамовска 6, Десподовска 2, Пецевска, Младеновска 3, Николиќ 1, Николовска 2, Башиќ 4, Милачиќ 4, Васчук и Митрова 4.     Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Антиќ и Јаковлевиќ од Србија.

Прочитано 7 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


4 + 7 =