ПРВИ БОДОВИ ЗА МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ

22.09.2012 14:23

Младиот состав на Металург Скопје дојде до своите први два бода. Во „Автокоманда“ е совладана екипата на Жито Прилеп, со резултат 28:26 (10:15).

Видовме одличен првенствен натпревар, во кој сосема заслужено победата им припадна на нашите девојки. Во голем дел од првото полувреме Металург одржуваше минимално водство. Така беше сѐ до 5:5, кога за момент попушти концентрацијата кај тимот од „Автокоманда“. Тоа го искористи искусниот тим од Прилеп и со серија од 5:0 дојде до убедливо водство, кое го задржа до крајот на првиот дел, 10:15.

Во вториот дел работите целосно се променија. Металург Скопје оствари апсолутна доминација на теренот и веќе кон средината на овој дел прво израмни на 18:18, а потоа и поведе. Од тој момент до крајот на средбата водството беше во посед на нашите девојки. Металург Скопје оствари значајна победа над искусниот тим на Жито Прилеп. Победата ќе беше многу поубедлива доколку Металург подобро ги изведуваше седмерците. На средбата промашивме дури 7 седмерци. Кај нас најпрецизна беше Ливриниќ со 7 постигнати гола. Најпрецизна на средбата беше Шалевска од Жито Прилеп, која постигна 15 гола.

РК Металург Скопје – РК Жито Прилеп 28:26 (10:15)

РК Металург Скопје: Јаневска, Серафимова, Дабевска, Каранфиловска 2, Јанчева, Гакидова 4, Георгиевска, Тодоровска, Талевска 2, Ливриниќ 7, Неделковска 4, Стојковска 5, Димова, Е.Петковска, Бебиќ и Величковска 4. Седмерци: 5/12. Исклучувања: 4 минути.

РК Жито Прилеп: Наумовска, Мурговска, Бошковска, Стојановиќ 4, Мркиќ 3, Нацева, Крстевска, Серафимовска, Аџуловска 1, Шалевска 15, Дурланова, Саздовска, Цаневска, Петлеска и Здравевска 3. Седмерци: 3/4. Исклучувања: 10 минути.

Судии: Дејан и Димитар Ѓорѓиевски од Скопје.

Делегат: Миле Најденовски од Скопје.

Фото:

Прочитано 14 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 4 = 10