Рутинска победа на ЖРК Металург на средбата со Овче Поле

31.03.2021 20:02

Во 16. коло на Женската лига, ЖРК Металург во Автокоманда ја совлада екипата на ЖРК Овче Поле, со резултат 35:22 (17:12).

Металург беше апсолутен фаворит на овој натпревар и таа своја улога ја оправда со триумф со 13-ет голови разлика.

Долго време се чинеше дека се води рамноправна борба. Металург водеше, но гостинската екипа постојано го израмнуваше резултатот, а во еден момент го забележа и своето единствено водство, 5:6. Но, во последната третина од првото полувреме Металург го засили темпото и тоа набрзо даде резултат. Првото полувреме го добивме со позитива од 5 гола.

Во второто полувреме нашите девојки целосно го скршија отпорот на гостинскиот тим и остварија нова убедлива победа, со која го задржавме второто место на првенствената табела.

Наш следен предизвик е екипата на ЖРК Шампион, со која ќе се сретнеме на 4 април.

.

ЖРК Металург – ЖРК Овче Поле  35:22 (17:12)

ЖРК Металург: Илјаз, Ѓорѓиевска, Владева 1, Гулицоска, Тасевска 6, Васева, Смајлоска 2, Арсениевска 5, Младеновска 1, Темелковска, Дамчевска 10, Божиновска 2, Ристовска 2, Петковска 2 и Николиќ 4.    Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 8 минути.

ЖРК Овче Поле: Младеновска, Анчева 8, Вучевска 6, Сентовска, Манева 3, Конева 2, Костова, Стојанова, Павловска 3, Гигова, Ташкова, Стојанова, Стоилова и Максимова.    Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Илија Давидовски и Бобан Стојановски.

Делегат: Цветомир Јовановски.

Прочитано 182 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


3 + = 4