Со гостинската победа над Овче Поле, и ЖРК Металург ги заврши обврските во 2019 година

09.12.2019 14:25

Актуелниот шампион на Македонија, ЖРК Металург, со гостинска победа над Овче Поле ги заврши обврските во 2019 година. Во Свети Николе се сретнавме со “фенерџијата“ на првенството и извојувавме очекувана и убедлива победа.

ЖРК Металург во Свети Николе допатува како апсолутен фаворит и се освен убедлива победа ќе беше вистинска сензација.

Така и беше, бидејќи Металург многу брзо стекна конкретна предност, која до крајот на првото полувреме достигна седум голови. Вториот дел само ја потврди нашата доминација, а средбата заврши со наш вишок од цели 15 голови.

Покрај екипниот, на средбата видовме и дуел меѓу Елена Вучевска од Овче Поле и нашата Мирјана Петковска. Вучевска постигна 11, а Петковска 10 погодоци.

ЖРК Металург есенската полусезона ја заврши на второто место, со 11 победи и со само еден пораз, од екипата на ЖРК Куманово.

.

ЖРК Овче Поле – ЖРК Металург  19:34 (11:18)

ЖРК Овче Поле: Јовановска 2, Стоилова, Вучевска 11, Сентовска, Манева 2, Костадинова, Ашкилова, Костова 1, Митева, Павловска 1, Гигова 1, Мицевска, Ташкова, Велковска 1, Павлова и Димчева.    Седмерци: 3/5.    Исклучувања: 10 минути.

ЖРК Металург: Илјаз, Паскал, Гугуљанова 2, Гулицоска 3, Смајлоска, Арсениевска 2, Алексаска 1, Дамчевска 3, Калајџиевска 4, Божиновска 2, Граматова 5, Ристовска, Стојановска, Стефановска 2 и Петковска 10.     Седмерци: 2/4.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Ѓорѓи Василевски од Скопје и Иван Јовановски од Штип.

Делегат: Зоран Јовановски од Штип.

Прочитано 227 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


9 + = 15