Спортување преку игра

12.03.2013 16:39

Преземено од “Нова Македонија“.

За деветгодишните и за помалите девојчиња што се дел од ракометните школи на Металург во ОУ „Стив Наумов“ во Автокоманда тренинзите се одржуваат двапати неделно, од 18 до 19 часот, секој вторник и четврток. Оваа група има околу 20 девојчиња, родени во 2004, 2005 и 2006 година.

Одвивањето на тренинзите во оваа група се сведува на нивно анимирање, преку најразлични игри, приспособени за нивната возраст. Во овие игри се застапени основните елементи од ракометната игра, водење топка, подавање, правило три чекори, шутирање на гол, односно правилно исфрлање на топката, како и правилата на ракометната игра. Овде играта се сведува на мини-ракомет, каде што играат 4+1 (односно четири играчи + голман) и се игра цело време пресинг, т.н. човек на човек. Секој играч е задолжен за свој играч и секој си го чува својот играч. Правилата во мини-ракометот се речиси исти, со мали измени, приспособени за мини-теренот и за возраста на играчите. Девојчињата од оваа генерација минатата година учествуваа на Новогодишниот турнир за мини-ракомет, во организација на РК Металург за ракометните школи на клубот, кој се одржа кон крајот на декември и настапуваа заедно во група со свои врсници од другите школи на РК Металург.

– Поделени во три екипи, одиграа максимално ангажирано и покажаа колку желба има во нив да се надигруваат, да се забавуваат и да се дружат. Нашите екипи беа: Натурана, Макстил 1 и Пелистерка. Во оваа категорија нашите девојчиња од Макстил 1 го освоија првото место. Се разбира, за сите учесници и победници имаше обезбедено награди од нашиот клуб и од нашите спонзори. Сите беа среќни и исполнети и навистина е убаво да се види дека кај децата тоа причинува најголемо задоволство, што за нас значи уште поголем мотив за работа и вложување – велат од клубот Металург.

Прочитано 267 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


9 − = 5