Стружанка го изненади тимот на ЖРК Металург во Автокоманда

15.11.2020 16:38

Во натпревар од 11-то коло на Женската лига, во Автокоманда се случи изненадувачки пораз на тимот на ЖРК Металург, кој е минимално поразен од екипата на ЖРК Стружанка.

Долгата карантинска пауза и немањето тренинг силно се одрази врз играта на нашите девојки, кои ги немаа вообичајната свежина и потребната концентрација, што, пак, резултираше со невообичајно големиот број на технички грешки и на неискористени шанси.

И покрај тоа, ЖРК Металург во најголемиот дел од средбата беше подобриот тим, кој имаше константно водство се до 55. минута.

Во првото полувреме се играше рамноправно, но Металург беше тимот кој го контролираше резултатот и кој на моменти имаше предност и од четири гола. Сепак, гостинските ракометарки не се предаваа и умешно ги казнуваа сите наши грешки, па првиот дел го завршивме со предност од само два гола, 13:11.

Во второто полувреме Металург го засили темпото и во два наврати стигна до предност од цели пет гола. Во 48. минута се чинеше дека имаме добиен натпревар, бидејќи водевме со 20:15 и имавме чиста контра за 6 голови разлика. Меѓутоа, ја промашивме контрата, а потоа цели седум минути не постигнавме гол. Стружанка ја искористи својата шанса, направи неверојатна серија од 6:0, и го оствари своето прво водство на натпреварот, 20:21.

Ова како да ги шокира нашите ракометарки, кои не се осудуваа да преземат одговорност во нападот и до крајот постигнаа уште само еден гол. Нашиот последен напад, кој ќе ни донесеше барем еден бод, пропадна по една наивна грешка на наша ракометарка.

Овој пораз е наш втор во сезоната, по оној од екипата на ЖРК Куманово, а двата ги доживеавме во Автокоманда.

.

ЖРК Металург – ЖРК Стружанка  21:22 (13:11)

ЖРК Металург: Илјаз, Паскал, Гугуљанова 1, Ѓорѓиевска 1, Владева 1, Гулицоска, Тасевска 6, Смајлоска, Арсениевска, Ристовска, Алексоска 1, Темелковска, Дамчевска 1, Божиновска 2, Петковска 5 и Николиќ 3.    Седмерци: 1/4.     Исклучувања: 2 минути.

ЖРК Стружанка: Ристоска, Ѓерѓеска, Калајџиевска, Голабоска 1, Дукоска 6, Б.Затуроска 1, Јоноска 8, И.Затуроска 3, Митоска, Ѓоршулеска, Јусуфи 2, Домазетоска и Петреска 1.    Седмерци: о/2.     Исклучувања: 8 минути.

Судии: Иво Георгиевски и Игор Наумовски.

Делегат: Златко Локвенец.

Прочитано 157 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 4 = 7