Талентираната голманка Анастасија Тодоров потпиша за ЖРК Металург

13.03.2021 19:14

Младата и талентирана голманка Анастасија Тодоров потпиша за ЖРК Металург.

Анастасија има 16 години и на почетокот од оваа сезона дојде од ЖРК Алушовски. Денеска Анастасија потпиша четиригодишен договор, кој и е прв договор во кариерата.

Анастасија се смета за една од најперспективните млади чуварки на голот и со нејзиниот потпис ЖРК Металург ја продолжи својата традиција на собирање на млади таленти кои кај нас ќе имаат одлични услови за својот понатамошен развој.

Со тоа ЖРК Металург продолжува со својата пракса да се ослонува на македонски ракометарки.

Прочитано 300 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


9 − = 3