ТЕЖОК ПОРАЗ НА МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ

30.10.2013 23:58

baner - vesti_resize

Во петтото коло на македонската женска суперлига нашата втора екипа, Металург Скопје, доживеа тежок пораз од екипата на Вардар СЦБТ, Резултатот од средбата е 43:10 (18:6).

Вардар СЦБТ ја оправда улогата на апсолутен фаворит на овој натпревар, чиј исход беше најавен на самиот почеток, со серија на вардарки од 7:0 (9. минута). До крајот на првиот дел нашите девојки постигнаа само шест гола, од кои Каранфиловска четири.

Второто полувреме го одигравме уште полошо. Вардар почна со серија од дури 16:0, за 34:6, а Металург Скопје во вториот дел постигна само четири гола, сите во последната четвртина од средбата.

ЖРК Вардар СЦБТ – РК Металург Скопје      43:10 (18:6)

ЖРК Вардар СЦБТ: Лено, Саидова( 21 одб.), Костуикова 7, Штериова 6, Ристова, Николиќ 1, Дембеле 4, Фернандез 2, Зебиќ 1, Кликовац 3, Црвенкоска 1, Хмирова 3, Лекиќ, Лојпур 11, Дмитровиќ 2.    Седмерци: 3/3    Исклучувања: 2 минути.

РК Металрг Скопје: Јаневска ( 6 одб.), Дурланова (4 одб.), Ципушева, Каранфиловска 4,Жупан 1, Гакидова, Ѓеорѓиоска, Георгиевска 1, Талевска, Јаневска, Димитровска 2, Петлевска 1, Перчинкова, Дабевска 1, Здравковска, Јолевска, Петковска.    Седмерци: 0/0   Исклучувања: 4 минути.

Судии: Ристовски Даниел и Трајковски Мирко од Скопје.

Делегат: Климарков Петре од Скопје.

Прочитано 507 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 2 = 2