ТРАНСФЕРИ

15.07.2013 19:14

baner - vesti_resize

images_resizeЛокомотива од Загреб се повеќе ги засилува своите редови. По Лидија Хорват и Ивана Јелчиќ, уште една поранешна ракометарка на Подравка потпиша за популарните “Локосици“. Тоа го направи искусната репрезентативка, десното крило Анита Гаче (30). Локомотива формира респектабилен тим, кој следното првенство ќе го почне во улога на фаворит за титулата.

————————————————————————————————————————————————————————————————————–

Екипата на Јагодина продолжува со засилување на својот тим. B_resizeПо голманките Георгиев и Качаревиќ, и по Данијела Матиќ, во Јагодина ќе заигра и поранешната ракометарка на Заечар, левото крило Јелена Нишавиќ (33). По подолго време намалена е разликата во квалитетот меѓу двете најдобри екипи во Србија, Заечар и Јагодина.

————————————————————————————————————————————————————————————————————–

B_resizeПоранешната ракометарка на ЖРК Металург, Ана Милачиќ (25), која последната сезона ја помина во екипата на ланскиот грчки шампион Патра, потпиша едногодишен гоговор со новиот грчки шампион, екипата на Паок. Иако Паок регуларниот дел од сезоната го заврши на третото место, во финалето од плејофот го совлада тимот на Патра и ја прекина неговата шестгодишна доминација. Токму Милачиќ беше најдобар стрелец во решавачкиот трет натпревар, со осум постигнати гола.

 

Прочитано 320 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


8 − = 7