Убедлива победа на пионерките на ЖРК Металург

23.11.2019 22:57

Во деветтото коло на пионерската лига на Македонија, група 1, пионерките на ЖРК Металург убедливо го поразија тимот на ЖРК КЛ-7 Лазаров, со резултат 23:8 (10:2).

Тоа беше лесен натпревар за нашите пионерки, кои имаа предност во текот на сите 40 минути. Особено добро го одиграа нашите пионерки првото полувреме во кое му дозволија на противникот да се радува на само два гола.

Во вториот дел продолжи офанзивата на нашите ракометарки, кои на крајот славеа со 15 голови разлика.

Ова е седма победа на нашиот пионерски тим, кој има и по еден пораз и нерешен резултат.

Во следното коло пионерките во Автокоманда ќе ја пречекат екипата на ЖРК Куманово.

.

ЖРК Металург – ЖРК КЛ-7 Лазаров  23:8 (10:2)

ЖРК Металург: Василева, Димитриоска 3, Шектанска, Ј.Спасовска 3, Петковска 5, Јакимовска 1, Чобанова, М.Спасовска 6, Стојаноска, Алексоска 2, Рајатковска 1, Томаноска, Петреска, Анд.Џигерова 1 и Алек.Џигерова 1.    Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 2 минути.

ЖРК КЛ-7 Лазаров: Самандова, Беровиќ, Ѓоргиевска, Панева, Ѓорговска, Наче,А. Блажевска, Додевска, Костенчева 4, Николова, Аврамовска, Т.Блажевска, Брљамова, Стојчевска, Анчевска и Ѓурчевска 4.    Седмерци: 1/3.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Илија Давитковски и Бобан Стојановски од Скопје.

Делегат: Јовановски Цветомир од Скопје.

Прочитано 155 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


4 − = 2