Убедлива победа на ЖРК Металург на стартот од Женската лига

19.09.2019 01:49

Денеска во Автокоманда екипата на ЖРК Металург го одигра својот прв натпревар во новата сезона на Женската лига. Наш прв противник беше екипата на Гевгелија, која ја поразивме со огромни 4о голови разлика, 48:8 (25:2).

Тоа беше средба меѓу две екипи со голема разлика во квалитетот и тимот од Автокоманда целосно ја оправда улогата на апсолутен фаворит.

Во текот на целата средба бевме сведоци на целосна доминација на ЖРК Металург, кој од минута во минута ја зголемуваше својата предност. Во првото полувреме противникот не успеваше ниту да создаде прилика за постигнување на гол, па мораше да се задоволи со само два реализирани погодоци за 30 одиграни минути.

Во вториот дел ЖРК Металург се задоволи од постигнатото, па му дозволи на противникот да го зголеми својот вкупен учинок до осум постигнати гола.

Во второто коло, кое се игра в сабота, ЖРК Металург повторно ќе игра во Автокоманда, овој пат против екипата на ЖРК Алушовски.

.

ЖРК Металург – ЖРК Гевгелија  48:8 (25:2)

ЖРК Металург: Илјаз, Паскал, Гугуљанова 3, Ивановска 5, Ѓорѓиевска 1, Тасевска 6, Смајлоска, Арсениевска 4, Алексоска 2, Темелковска 4, Дамчевска 8, Калајџиевска 4, Божиновска, Граматова 5, Стефановска 1 и Петковска 5.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 4 минути.

ЖРК Гевгелија: Каранфиловска, Басова, Мандалова, Попова 2, Пецевска 5, Танева, Горковска, Попова, Митрова и Петковска 1.    Седмерци: 0/1.     Исклучувањ: 0 минути.

Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје.

Делегати: Цано Куртовиќ од Скопје.

Прочитано 215 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 1 = 7