Уште една убедлива победа на ЖРК Металург

21.09.2019 22:38

Актуелниот шампион на Македонија, екипата на ЖРК Металург, денеска оствари уште една убедлива победа во националното првенство. Иако настапи без неколку првотимки, во рамките на 2. коло, ЖРК Металург ја совлада екипата на ЖРК Алушовски, со резултат 39:8 (20:1).

Се сретнаа две екипи со голема разлика во  квалитетот, па во првото полувреме едната постигна дури 20 голови, а втората само 1. Тоа само ја илустрира огромната надмоќ на ЖРК Металург во овој натпревар, во кој ниту за миг никој не се сомневаше во победата на девојките од Автокоманда.

Во вториот дел дојде до  опуштање кај ракометарките на ЖРК Металург, кои испуштија голем број можности за многу поубедлива победа. Тоа го искористија гостинските ракометарки, па во вториот дел постигнаа 7 погодоци, за конечни 39:8 (20:1).

Во следното коло ЖРК Металург ќе и гостува на екипата на Спартак.

.

ЖРК Металург – ЖРК Алушовски  39:8 (20:1)

ЖРК Металург: Илјаз, Кркачева, Гугуљанова 2, Ивановска 1, Тасевска 7, Смајлоска, Арсениевска 7, Алексоска 2, Темелковска 4, Дамчевска 4, Калајџиевска 7, Ристовска 1, Стојановска 1 и Петковска 3.    Седмерци: 1/1.    Исклучувања: 4 минути.

ЖРК Алушовски: Лазова, Стојковска, Алушовска 2, Георгиевска 1, Ангеловска, Петковска, Трајановска 2, Николовска 1, Ангелковска 1, И.Блажеска, Велигденова, Ристовска, Л.Блажеска, Милошоска, Мемов 1 и Младеновска.    Седмерци: 0/1.     Исклучувањ: 8 минути.

Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје.

Делегати: Зоран Кимовски од Скопје.

Прочитано 237 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


2 + 8 =