ВИСОК ПОРАЗ НА МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ

04.09.2012 23:36

Девојките на Металург Скопје се вратија поразени од гостувањето во Прилеп. Жито Прилеп високо го совлада нашиот втор женски состав со резултат 32:16 (15:8).

Според тренерот на РК Металург Скопје, Симовски Симе, ова беше лошо издание на нашата екипа која, покрај грешките во одбрана и напад, успеа да промаши дури 7 од 9 досудени пенали.

Најпрецизна на средбата беше Шалевска, член на домашната екипа, со 8 постигнати гола.

РК Жито Прилеп – РК Металург Скопје  32:16 (15:8)

РК Металург Скопје: Јаневска, Петковска, Серафимова, Каранфиловска, Ливриниќ 3, Гакидова 2, Бебиќ 1, Тодоровска 1, Величковска 3, Талевска 1, Неделкова 4, Дабевска, Стојковска 1, Георгиевска, Јанчева и Перчинкова.        Седмерци: 2/9.

Прочитано 12 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 8 = 10