ВИСОК ПОРАЗ НА ЖРК МЕТАЛУРГ

22.02.2015 14:50

baner - vesti_resize

Еден ден по големиот успех против екипата на Подравка, ЖРК Металург е убедливо совладан од домашниот состав на Крим Меркатор. Нашите девојќи, очигледно истрошени од вчерашната битка, не ја прикажаа истата игра и забележаа висок пораз.

Натпреварот почна според очекуваното, со рамноправна игра во која екипата на Крим имаше постојано, но минимално водство. На средина од првото полувреме резултатот се уште беше 7:6, за нашиот противник. Потоа дојде до несфатлив пад во нашата игра. Противникот ја искористи нашата целосна деконцетрација и спроведе серија од дури 11:1, за 18:7. До крајот на полувремето нашите девојќи малку се повратија, постигнаа четири, а примија два гола, и овој дел од средбата заврши со резултат 20:11, за домашниот состав. Токму тој период од лоши 15-ет минути ја реши и средбата.

Иако противникот го доби и второто полувреме, со 14:12, тоа сепак помина во рамноправна игра.

Наша најдобра ракометарка денеска беше Сара Ристовска, со пет постигнати гола. Марија Николиќ и Јована Саздовска додадоа уште по четири.

РК Крим Меркатор: Петрухина, Артсјукович, Јуриќ 4, Луковиќ 4, Чечкова 2, Пино, Мавсар 5, Гудјо, Стефанишин, Бајрамоска 4, Маринчек, Омореги 4, Корен 5, Јанковиќ 3, Грегорц и Павлова 3.     Седмерци: 1/1.      Исклучувања: 6 минути.

ЖРК Металург: Антиќ,  Серафимова,  Дурланова,  Ливриниќ 3, Николовска, Јовановска 3, Каранфиловска 1, Белеска 2, Петковска, Ристовска 5, Стојковска 1, Ципушева, Саздовска 4, Николиќ 4 и Дабевска.     Седмерци: 4/8.    Исклучувања: 2  минути.

Судии: Цветко Јуре и Брстин Кавалар од Словенија.

Делегат: Јанко Пожежник од Словенија.

Прочитано 370 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 5 = 3