Висок пораз на ЖРК Металург во Куманово

17.11.2019 01:03

Во дерби натпреварот на 11. коло во Куманово се сретнаа двете досега непоразени екипи – ЖРК Куманово и ЖРК Металург. Средбата мина во знакот на домашната екипа која убедливо ги совлада нашите девојки, со резултат 38:27 (20:8). За жал, кога најмногу требаше, го одигравме својот најлош натпревар во досегашниот тек на сезоната.

Особено лошо минавме во првото полувреме. Почнавме рамноправно и водевме со 2:3, а потоа дозволивме противникот да направи неверојатна серија од дури 8:0, која го предодреди и крајот на овој натпревар. Првото полувреме го завршивме со резултат 20:8.

Во вториот дел ЖРК Металург заигра поквалитетно, но, иако овој дел го добивме со 18:19, разликата од првото полувреме беше недостижна.

ЖРК Куманово по оваа победа сосема заслужено го зазеде врвот на табелата. ЖРК Металург, пак, застана на второто место.

.

ЖРК Куманово – ЖРК Металург  38:27 (20:8)

ЖРК Куманово: Косановиќ, Марковиќ 1, Пецанова, Трајковиќ 6, Ивановска, Боризовска 3, Јовановска, Шарановиќ 5, Чокели 10, Јанкуловска 5, Кипријановска 3, Наумовска, Краљевска, Цветановска, Гичевска 1 и Глигоријадис 4.    Седмерци: 1/1.    Исклучувања: 14 минути.

ЖРК Металург: Илјаз, Гугуљанова, Владева, Гулицоска, Тасевска 3, Смајлоска, Арсениевска, Алексоска 2, Темелковска 1, Дамчевска 4, Калајџиевска 11, Божиновска 2, Граматова 3, Стефановска 1, Петковска и Паскал.    Седмерци: 5/7.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Ѓорги Начевски и Славе Николов од Скопје.

Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

Прочитано 189 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 2 = 7