Во драматична завршница, ЖРК Металург го совлада тимот на Чаир

20.09.2020 18:44

Во второто коло на Женската лига, ЖРК Металург ја извојува втората победа, прва на својот терен. Во драматична завршница го совладавме тимот на ЖРК Чаир, со минимални 27:26 (15:12).

ЖРК Металург имаше резултатска предност во текот на сите 60 минути од средбата, на моменти и со денеска максимални 4 голови разлика, но цврстиот тим на Чаир постојано наоѓаше начин да се врати во игра и не дозволи лесна победа на домашниот состав.

Во првото полувреме се играше израмнето, но секогаш Металург имаше предност од еден до два гола. Во последните десетина минути, нашите девојки конечно направија поголема предност, која во 24. минута изнесуваше 4 гола, 11:7. Првото полувреме заврши со резултат 15:12.

Слично се играше и во вториот дел, во кој Металург одржуваше константна предност од 2 до 4 гола. Сепак, ракометарките на ЖРК Металург ја загубија концентрацијата во самата завршница и направија премногу грешки, кои гостинските ракометарки умешно ги искористија и беа многу блиску до целосен пресврт.

Во последните три минути од средбата ЖРК Металург влезе со предност од цели 4 гола, 27:23, но ги загуби за само две минути, по два нереализирани седмерци и една “продадена“ топка. Во последната минута влеговме со предност од еден гол и со наш напад, но направивме пробивање и му дадовме огромна шанса на противникот да дојде до еден бод. За среќа, средбата заврши, а на гостинките им остана само да изведат удар од девет метри, кој го сопре нашиот поставен жив ѕид.

.

ЖРК Металург – ЖРК Чаир  27:26 (15:12)

ЖРК Металург: Илјаз, Паскал, Гугуљанова 3, Владева 1, Гулицоска 3, Тасевска 4, Арсениевска 4, Младеновска, Алексоска 1, Дамчевска 4, Божиновска 6, Граматова, Ристовска, Стефановска, Петковска и Николиќ 1.     Седмерци: 5/9.      Исклучувања: 6 минути.

ЖРК Чаир: Сандева, Мисовска, Динарица 4, М.Николовска 2, Божиновска, Бакиќ 1, Рамуко, Рахмани 6, Сали, Мартиновска 1, Реџеп 2, Кицеска, Ѓуриќ, Костадиновска и А.Николовска 10.     Седмерци: 4/9.     Исклучувања: 14 минути.      Црвени картони (3х2 мин): М.Николовска и Божиновска.

Судии: Методија и Михајло Илиевски.

Делегат: Саше Јанкулоски

Прочитано 234 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 2 = 7