Во пријателски натпревар, ЖРК Металург убедливо го порази тимот на ЖРК Вардар

12.09.2020 14:27

ЖРК Металург денеска го одигра својот трет подготвителен натпревар и ја извојува својата трета победа. По Спартак и Чаир, денеска падна и тимот на ЖРК Вардар, кого го поразивме со резултат 28:21 (12:10).

Видовме интересен натпревар, чие прво полувреме мина во рамноправна игра, но со постојано мало водство на гостинскиот тим. Пресвртот ЖРК Металург го направи дури во 26. минута, кога поведе со 9:8. Првото полувреме заврши со резултат 12:10, во наша полза.

Ако првото полувреме помина во израмнета борба, тогаш целиот втор дел мина во знакот на екипата на ЖРК Металург, која во овој период целосно го надигра противникот и во 43. минута имаше максимална предност од 8 гола, 21:13. Средбата заврши со резултат 28:21.

Посебен куриозитет на овој натпревар се одбраните на нашата голманка Бисера Паскал, која бранеше само во второто полувреме и која едноподруго одбрани дури четири седмерци.

.

ЖРК Металург – ЖРК Вардар  28:21 (12:10)

Прочитано 211 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


8 − = 5