За крај на сезоната, ЖРК Металург забележа победа против екипата на ЖРК Спартак

03.06.2021 20:21

Во последното коло од Женската лига, ЖРК Металург забележа убедлива победа на гостувањето кај екипата на ЖРК Спартак. Својот денешен противник го совладавме со резултат 32:42 (14:18).

Нашите девојки важеа како големи фаворити на оваа средба и се освен победа на Металург ќе беше вистинска сензација. Својата улога Металург ја оправда и, освен при почетното водство на домашниот тим, имаше водство во текот на целата средба.

Првото полувреме го добивме со разлика од 4 гола, на кои во вториот дел им додадовме уште 6.

Со овој натпревар завршија обврските на ЖРК Металург за сезона 2020/21, во која на крајот го освоивме третото место, зад екипите на ЖРК Куманово и ЖРК Вардар.

.

ЖРК Спартак – ЖРК Металург  32:42 (14:18)

ЖРК Спартак: Ѓошевска 10, Цветковска, Ивона Кимовска, Франговска, Божиновска 2, Бочваровска, Василева 7, Петерска, Велигденова 1, Станчева, Гроздановска 6, Коларовска 4, Ива Кимовска 2, Драговиќ, Трајановска и Самарџиоска.    Седмерци: 3/6.     Исклучувања: 4 минути.

ЖРК Металург: Илјаз, Васева, Софтовска 1, Гугуљанова 2, Ивановска 3, Ѓорѓиевска, Гулицоска 3, Тасевска 4, Смајлоска, Арсениевска 3, Младеновска 6, Дамчевска 2, Калајџиевска, Божиновска 10, Ристовска и Николиќ 8.     Седмерци: 3/6.      Исклучувања: 14 минути.

Судии: Илија Давидовски и Бобан Стојановски.

Делегат: Ерик Белимов.

Прочитано 146 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


2 + = 4