ЖЕНСКАТА РЕГИОНАЛНА ЛИГА ВО НОВ ФОРМАТ

10.09.2014 15:45

baner - vesti_resize

Женската Регионална лига (WRHL) оваа сезона ќе брои пет екипи и ќе има нов натпреварувачки формат. Дел од лигата се екипите на ЖРК Металург, на Подравка Вегета, Будуќност, Даниловград и на Крим Меркатор.

Новина оваа сезона е промената на натпреварувачкиот формат, па, наместо двокружниот систем, дома – гости, ќе се играат турнири, чии домаќини ќе бидат секоја од екипите учесници. Вкупно ќе се одиграат шест турнири, кои гарантираат по осум натпревари во текот на сезоната. На крајот, ќе се одигра и фајналфор-турнирот на кој ќе учествуваат четирите најдобропласирани по основните турнири. Практично, за да учествуваме на завршниот турнир треба да сме подобропласирани од само една екипа.

Организатор на 1-от и на 6-от турнир е екипата на Будуќност, турнирот бр.2 ќе го организира Даниловград, турнирот бр.3 – Подравка Вегета, а четвртиот ќе го организираме ние. Петтиот турнир ќе го организира екипата на Крим Меркатор.

ЖРК Металург ќе настапи на четири турнири:

Турнир број 1:  Будуќност, Даниловград, ЖРК Металург и Крим Меркатор.

Овој турнир, чиј домаќин е екипата на Будуќност, ќе се одржи на 27./28.09.2014 година.

Турнир број 3:  Подравка Вегета, ЖРК Металург и Крим Меркатор. 

Овој турнир, чиј домаќин е екипата на Подравка Вегета, ќе се одржи на 17./18.01.2015 година.

Турнир број 4:  ЖРК Металург, Даниловград, Крим Меркатор и Будуќност.

Овој турнир, чиј домаќин е екипата на ЖРК Металург, ќе се одржи на 24./25.01.2015 година.

Турнир број 5:  Крим Меркатор, ЖРК Металург и Подравка Вегета.

Овој турнир, чиј домаќин е екипата на Крим Меркатор, ќе се одржи на 21./22.02.2015 година.

Фајналфор-турнирот е закажан на 23./24.5.2015

 

Прочитано 214 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 7 = 14