ЖРК МЕТАЛУРГ ЦЕЛОСНО ГО НАДИГРА ТИМОТ НА ЗАЕЧАР

26.12.2012 22:16

Вечерва во “Автокоманда“ се одигра последниот официјален натпревар во 2012 година. ЖРК Металург, во рамките на женската Регионална лига, целосно го надигра фаворизираниот тим на Заечар и му го нанесе првиот пораз во лигата.

Интересен момент се случи на самиот почеток кога, наместо вообичаените знаменца, сите ракометарки добија новогодишни пакетчиња, што беше симпатично примено од страна на сите актери на средбата.

Почетокот на средбата ветуваше тешка и неизвесна борба. Металург поведе со 2:0, Заечар врати со три гола, за прво водство со 2:3. Заечар својата предност ја одржуваше се до резултат 5:6, а потоа Металург, со серија од 3:0, премина во водство, кое го задржа до крајот на средбата. Како што одминуваше времето во првиот дел од средбата така растеше и нашата разлика. Во 21 минута водевме со 13:10, во 25. минута со 16:11, а во 26. минута со 17:11. Полувремето заврши со резултат 18:13.

Во второто полувреме работите не се променија. Металург во 38. минута првпат стигна до + 7, 21:14, а максималното водство го стекна во 52. минута, кога поведе со резултат 26:18. Малото опуштање на нашите девојки го искористија ракометарките на Заечар, кои на крајот стигнаа до пораз од само пет гола разлика, 28:23.

Одлична партија на Тања Андрејева, која ги одбрани клучните удари во моментот кога се кршеше резултатот. Тања одбрани седум удари и два пенали. Сепак, најдобра ракометарка на теренот беше Мирјета Бајрамоска, која постигна 10 гола. Во почетокот на средбата Мирјета ја прими наградата што и ја додели градот Скопје.

ЖРК Металург – ЖРК Заечар   28:23 (18:13)

ЖРК Металург: Андрејева (7 одбрани + 2 седмерци), Иаломитеану (1 одбрана), Мечевска, Гроздановска, Ѓорѓиевска, Бајрамоска 10, Десподовска, Пецевска 2, Јовановска, Младеновска 1, Николиќ, Николовска 5, Башиќ 5, Васчук 4, Ристовска и Митрова 1.      Седмерци: 3/6.     Исклучувања: 2 минути.

ЖРК Заечар: Станојевиќ, Матиќ 1, Пераица 3, Вучковиќ, Нишавиќ 1, Пислару 1, Алонсо 2, Рајовиќ 2, Зебиќ 5, Георгиев, Драгољубовиќ, Сопроњи 1, Бензал 7 и Горилска 1.         Седмерци: 3/5.          Исклучувања: 6 минути.

Прочитано 8 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


8 − 3 =