ЖРК Металург е нов шампион на Македонија

22.05.2019 20:49

ЖРК Металург не дозволи изненадување и во последната средба од актуелното првенство убедливо го совлада тимот на ЖРК Стружанка, со резултат 32:18 (12:11). Со оваа победа, по седум години пауза, шампионскиот пехар се врати во Автокоманда, а ЖРК Металург ја прославува својта четврта титула во првенството на Македонија.

Почетокот на денешниот натпревар, па и целото прво полувреме, мина во игра каква што не беше планирана од нашиот стручен штаб. Очигледно, нашите девојки беа оптоварени од потребната победа и играа нервозно, со многу грешки во одбраната и во нападот. Нашиот, пак, противник, растоварен и амбициозен, одигра квалитетно полувреме и беше постојано во игра. Затоа, можеме да кажеме дека првото полувреме мина во целосно израмнета борба и заврши со минимална предност на ЖРК Металург, 12:11.

Затоа, пак, вториот дел мина во тотална доминација на нашите ракометарки, кои конечно се опуштија и заиграа според своите можности. Разликата во квалитетот брзо ги даде резултатите и Металург многу рано дојде до комотна предност од 5 гола. Брзите контри на нашите девојки целосно го разоружаа противникот и веќе немаше никаква дилема околу новиот шампион. Средбата заврши со убедлива победа на ЖРК Металург, изразена со 14 голови разлика, а тоа означи дека шампионскиот пехар ќе остане во Автокоманда.

Честитки за ракометарките на нашиот тим, честитки и за раководството и за стручниот тим на нашиот клуб.

.

ЖРК Металург – ЖРК Стружанка  32:18 (12:11)

ЖРК Металург: Илјаз, Гугуљанова 2, Ивановска, Ѓорѓиевска, Гулицовска, Тасевска 2, Смајлоска, Алексоска 1, Темелковска 1, Дамчевска, Калајџиевска 6, Граматова 10, Стефановска, Гајиќ, Гичевска 10, Паскал.   Седмерци: 3/4. Исклучувања: 0 минути.

ЖРК Стружанка: Митоска, Ристоска, Јовичинац 2, Маркоска 2, Јованоска 7, Дурацоска, Јоноска, Затуроска, Јусуфи, Балоска, Дукоска, Петреска 1, Делиоска 6.   Седмерци: 3/4.   Исклучувања: 4 минути,

Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје.

Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

Прочитано 737 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 3 = 10