ЖРК МЕТАЛУРГ ГИ ОСВОИ ПРВИТЕ БОДОВИ ВО РЕГИОНАЛНАТА ЛИГА

09.02.2014 17:01

baner - vesti_resize

ЖРК Металург денеска ја совлада црногорската екипа Даниловград и дојде до првите два бода во тековната сезона на женската Регионална лига. Црногорките допатуваа во Скопје полни со оптимизам, но од самиот почеток на средбата се виде дека заостануваат зад квалитетот на девојките од “Автокоманда“. Даниловград поведе со 0:1, израмни на 2:2 и на 4:4 и … толку.  Предводени од Бајрамоска, која ги постигна воведните четири гола за ЖРК Металург, нашите девојки уште во раната фаза стекнаа предност недостижна за противникот. До крајот на првиот дел разликата се искачи на +7, 16:9.

Второто полувреме само ја потврди победата на нашиот тим. Мечевска и Гроздановска ја наполнија мрежата на противникот, а во 48. минута стигнавме и до најголемата предност од 12 гола, 27:15. Се на се, сосема заслужена и висока победа на ЖРК Металург и први два бода во Регионалната лига за оваа сезона.

ЖРК Металург – Даниловград  30:18 (16:9)

ЖРК Металург: Иаломитеану (8 одбрани), Антиќ (3 одбрани), Мечевска 3, Гроздановска 6, Ѓорѓиевска 4, Бајрамоска 8, Белевска 1, Јовановска 1, Младеновска 3, Стојковска, Николовска 2, Ливриниќ, Саздовска, Величковска, Ристенска 2 и Митрова.      Седмерци: 4/5.     Исклучувања: 10 минути.

Даниловград: Ненезиќ, Арсенијевиќ, Булатовиќ, Ујкиќ, Сениќ, Павичевиќ, Грбиќ 1, Јауковиќ 1, Цавловиќ, Костиќ, Пејовиќ 1, Аговиќ 3, Рајковиќ, Прелевиќ, Маловиќ 11 и Кликовац 1.    Седмерци: 3/3.     Исклучувања: 8 минути.

Судии: Кркачев и Колевски од Скопје.

Делегат: Начевски Драган од Скопје.

Прво полувреме: 0:1, 1:1 (Бајрамоска, 4 м.), 2:1 (Бајрамоска, 5 м.), 2:2, 3:2 (Бајрамоска, 6 м.), 4:2 (Бајрамоска, 7 м.), 4:3, 4:4, 5:4 (Николовска, 9 м.), 6:4 (Ѓорѓиевска, 11 м.), 7:4 (Ѓорѓиевска, 12 м.), 7:5, 8:5 (Ѓорѓиевска, 14 м.), 9:5 (Ѓорѓиевска, 15 м.), 10:5 (Бајрамоска, 16 м.), 11:5 (Николовска, 17 м.), 12:5 (Младеновска, 18 м.), 13:5 (Младеновска, 20 м.), 13:6, 13:7, 14:7 (Младеновска, 24 м.), 14:8, 15:8 (Гроздановска, 27 м.), 15:9, 16:9 (Бајрамоска, 30 м.).

Второ полувреме: 16:10, 16:11, 17:11 (Гроздановска, 33 м.), 18:11 (Јовановска, 37 м.), 19:11 (Мечевска, 38 м.), 19:12, 20:12 (Мечевска, 39 м.), 20:13, 21:13 (Гроздановска – седмерец, 39 м.), 22:13 (Бајрамоска, 40 м.), 23:13 (Бајрамоска, 41 м.), 24:13 (Гроздановска – седмерец, 42 м.), 24:14, 24:15, 25:15 (Мечевска, 43 м.), 26:15 (Ристевска, 45 м.), 27:15 (Гроздановска – седмерец, 48 м.), 27:16, 28:16 (Гроздановска – седмерец, 52 м.), 28:17, 28:18, 29:18 (Белевска, 57 м.), 30:18 (Ристевска, 58 м.).

Прочитано 276 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 7 = 10